Радио Милева
наскоро родители

Дарко Велковски ќе стане татко: Тамара Чуприна – девојката на македонскиот фудбалски репрезентативец објави дека е бремена (ФОТО)

Дарко Велковски ќе стане татко: Тамара Чуприна – девојката на македонскиот фудбалски репрезентативец објави дека е бремена (ФОТО)

Дарко Велковски, 26 годишниот фудбалски репрезентативец на Македонија кој игра за хрватскиот прволигаш Ријека, ќе стане татко.

На неговиот Инстаграм профил можеме да видиме дека е заљубен, објавувајќи фотографии со својата долгогодишна девојка, манекенката Тамара Чуприна.

Тамара, која е помала сестра на некогашната манекенка, модел и ТВ водителка на „Бекстејџ“, Драгана Чуприна,  ги изненади сите, откако објави фотографија од ултразвук на бебе и под објавата напиша:

 

„Исто како мојот татко, без фотографии ве молам“ – појаснувајќи дека е во петтиот месец од бременоста, но не го откри полот на бебето кое е на пат.

Останува само понатаму да дознаеме дали бебето ќе биде момче или девојче и во секој случај да им честитаме на Тамара и Дарко кои наскоро ќе станат за прв пат родители.

Фото: Инстаграм принтскрин/chuprinaatamara/velkovskidare

 

Останати вести од Радио Милева