Радио Милева никогаш не е доцна...

Дарко Велковски и Тамара Чуприна и со свадбена веселба ја потврдија својата брачна судбина: Фудбалерот и манекенката по година и пол од венчавката направија „брачна надградба“ со свадба (ФОТО)

Дарко Велковски и Тамара Чуприна и со свадбена веселба ја потврдија својата брачна судбина: Фудбалерот и манекенката по година и пол од венчавката направија „брачна надградба“ со свадба (ФОТО)

Летото во Македонија е вообичаено некако најпогоден период на свадби, па така нитиу познатите и јавни личности не се надвор од ова „непишано правило“, најчесто да се стапува во брак и прават свадбени веселби токму овие месеци.

Стандардниот мaкедонски фудбалски репрезентативец Дарко Велковски уште еднаш ја потврди својата љубов со неговата  венчана партнерката Тамара Чуприна со која во почетокот на 2022 година го добија и синчето Ведран кој беше неизоставен дел од брачно-семејната веселба на своите родители.

Дарко и Тамара законската процедура во матично ја поминаа уште кон крајот на 2021 година, кога стоперот ја ожени манекенката која тогаш беше во баеги поодмината фаза од бременоста, официјално станувајќи господин и госпоѓа.

Викендов пак ( јуни 2023), по повеќе од една и пол година од „ставањето на брачниот потпис“ и речиси исто толку време од раѓањето на нивното синче, фудбалерот и манекенката  решија сепак да направат  свадбена веселба  со сите салтанати, по сите традиционални македонски адети и обичаи.

Стартот како од бајките… Со ѕвездено небо, ползечки чад и мини огномет од прскалки со „ладен оган“, како дополнителни ефекти на музичката балада  со симболичен наслов „Остани во мене“ и првиот свадбен танц на младоженците, кои во случајов оддамна се брачна двојка и горди родители на нивниот единец.

Секако, ако претходно, пред да стане  брачна сопружничка младата беше однесена пред матичар, овој пат невестата беше однесена пред олтар…

За љубовта на младите да биде потврдена и со заклетва пред Бога!

Се разбира музиката добро подготвена за забава, а веројатно и добро платена, а гостите весели и расположени, но сепак… Главни на веселбата оние за кои таа се прави…

Како што и потврдуваат  и фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи  свадбената прослава во ресторанот подоцна дислоцирана и во еден познат скопски ноќен клуб. Второ полувреме во кое младите со другарите и пријателите ја продолжиле свадбената веселба во вид на журка до доцните ноќни часови.

Инаку Дарко Велковски последниве години кариерата од хрватскиот прволигаш Ријека ја продолжи во првенството на Саудиска Арабија, каде настапува во тимот на Ал-Етифак, а Тамара Чуприна откако се омажи и породи, кариерата ја стави во мирување и е посветена на семејните обврски и мајчинството.

Фото и видео: Инстаграм/velkovskidare

To top