Радио Милева
канабис куплерај

Дарко-Спејко -спортски тип меѓу гола пејачка, „џанки парти“ и марихуана во зеници во новиот спот на Раста и Сандра-Африка (ВИДЕО)

Дарко-Спејко -спортски тип меѓу гола пејачка, „џанки парти“ и марихуана во зеници во новиот спот на Раста и Сандра-Африка (ВИДЕО)

Деновиве српскиот регетон рапер Раста и неговата „реге Балкан банда“ заедно со атрактивното српско  фолк мињонче Сандра – „Африка“ издадоа нова песна и провокативно видео за истата насловени: „С.О.С.“!

Видеото е полно со еротски набој, во кој мис „Африка“ пука од сексапил, а својата голотија ја распостила во секој следен кадар на најразличен начин: Од разголена во постела…

…Целосно гола и запенета во када…

…До голо газе и  едноделен танга костим за капење на импровизирана плажа.

Видеото очигледно го следи и текстот на песната, чии „валкани“ стихови повикуваат на секс, додека членовите на  „бандата“ на Раста отворено „дуваат“, палејќи џоинт!

Марихуана дури и во зениците во вид на леќи во боја на една од танчарките во видеото.

И меѓу сите нив, нашиот „голем брат“, Дарко – Спејко… До душа, како пристоен спортски тип!

Погледнете го видеото и добро простудирајте го најновиот „канабис куплерај“ на белградската естрада.

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева