Радио Милева
мултипрактик...

Дарко – Спејко откри уште еден свој скриен талент: Микеланџело од Куманово!? (ФОТО) (ФОТО)

Дарко – Спејко откри уште еден свој скриен талент: Микеланџело од Куманово!? (ФОТО) (ФОТО)

Дарко Петковски – Спејко… од победник во регионалното реално шоу „Големиот Брат“, преку модата, модното блогерство и љубовната сага со неговата колешка, блогерката и модел Љупка Митрова, до музичката сцена со Тајзи… Кариера или поточно,  популарност од седум милји за смо неколку години!

За „Големиот Брат“ а и за другите реални шоуа, барем додека беа заедно со атрактивната струмичанка рече дека не е повеќе заинетресиран… Не барем за „ситни пари“…

Љубовната бајка веројатно заврши и остана во нивните спомени. И на неговиот и на нејзиниот „фото прозорец кон светот“, повеќе го нема оној  другиот, со кој претходно се фотографираа секогаш, секаде и во секоја прилика… И работно и приватно!

Настапите со Тајзи остануваат, но не се секојдневни, нормално… Модата, фотомоделството, манекенството, позирињето, модното блогерство… заедно со сите приватни задоволства, се оние нешта кои му го исполнуваат животот во последно време.

Но, последната фотографија или попточно објавен цртеж покажува нешто друго, нешто ново, што досега јавноста не го знаела за Спејко? Па, се поставува прашањето, дали тоа „големиот Брат“ во себе носи уште еден, сосема поинаков скриен талент во себе.

Имено, Спејко на својот Инстаграм профил постирал фотографија со цртеж на кој е самиот потпишан. Иако цртежот не е оригинален, сепак е толку многу добро нацртан што просто може да се нарече „копија верна на оригиналот“. А на него, мотивите од плафонот на Сикстинската капела, епохалното дело на Микеланџело, во кое Создавателот му вдахнува живот на првиот човек – Адам.

Хоби, промоција на телентот или нова професионална сфера на интерес на „кумановскиот Микеланџело?“

 

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева