Радио Милева „навлечен“...

Дарко – Спејко многу нешта смени, професиите, девојките, стилот… но не и навиките во автомобилот: На „драјв тач“ со својот совозач (ФОТО)

Дарко – Спејко многу нешта смени, професиите, девојките, стилот… но не и навиките во автомобилот: На „драјв тач“ со својот совозач (ФОТО)

Познатиот кумановец Дарко – Спејко кого реалното шоу „Големиот брат“ го лансираше во светот на популарните по сите хобија и професии однеодамна има нова. Од ријалити ѕвезда, модел, моден блогер, инфлуенсер, рапер, спортски директор на кошаркарски клуб, а по последните локални избори и  политичар.

Имено, Дарко Пековски попознат како Спејко сега е член на Советот на Општина Куманово. Нова улога, нова фнкција, нов имиџ… И во ликот и во аутфитот.

Се ново, па дури и девојката, ако врската со атрактивната пробиштипјанка Хрисанта може така да се нарече, која баш и не функционира од вчера, ама не ни одат „сто години“!

Спејко многу тоа промени на себе и надвор од себе: професиите, девојките, стилот… само едно – НЕ, навиките додека го вози автомобилот.

Нееее, не е во прашање  некакво непочитување на сообраќајните знаци, правила и прописи, иако… И дејствието што го прави кога до себе има атрактивен, секси совозач носи своевиден ризик и тоа по две безбедносни основи, особено ако со својот совозач си на „драјв тач“ (drive tuch) .

Кога се вози сам , Спејко најчесто умее да запее… Репертоарот веројатно зависи од расположението, или она што го нуди радиостаницата на чија фреквенција се затекнало радиото во автомобилот.

Арно ама, кога до себе има атрактивна убавица, следува „љубовна лудница“.

Имено, уште од времето додека беше во „прочуената“ љубовна романса со сексапилната модна блогерка, струмичанката Љупка Митрова, Спејко обилно го користеше автомобилот за да и го „провери сексапилот“!

И со оние  кои подоцна дојдоа „во минување“ низ неговиот љубовен живот, Спејко остана верен на стилот, па и тие не останаа да не поминат „нечепнати“ во автомобилот.

Дамите се менуваа, а неговата сегашна девојка Хрисанта Монева е онаа која во моментов е се’ уште актуелна и официјална негова понежна половина. Со него е секаде и секогаш кога Спејко има време, па кога одат да се прошетаат или забавуваат од една до друга дестинација, таа  најчесто го придружува на совозачкото седиште.

Дали понесен од возбудата што покрај себе вози таква убавица или едноставно верен на старата невика, Спејко тешко додржува да не пружи рака и среде возење.

Менувачот ставен во соодветната брзина, а раката на возачот на нејзините колена… Или нешто малку погоре, за да ја помилува разголената бутина, на како по правило, секогаш сексапилната совозачка.

Не дека размената на допири и нежности не е дозволена, ама не е баш ни препорачлива кога се вози, особено со поголема брзина.

Зашто некому може да му надвладее возбудата, па да се фати за „рачната“ и…

Ете ти белја голема!   Арно ама… Навика си е навика… Особено ако на неа си „навлечен“!

Од оваа „автомобилскава“, Спејко очигледно тешко се откажува!

Фото: Инстаграм принтскрин/spejko

 

To top