Радио Милева за годишнината од нивната љубов

Дарко Спејко и Љупка Митрова снимија љубовно видео, па побараа 100.000 евра за влез во реално шоу! (ВИДЕО)

Дарко Спејко и Љупка Митрова снимија љубовно видео, па побараа 100.000 евра за влез во реално шоу! (ВИДЕО)

На годишнината од нивната романса која трае,  најпознатата македонска љубовна двојка инфлуенсери  Љупка Митрова и победникот на Големиот Брат, Дарко-Спејко снимија кус видео едиторијал кој го снимил уметничкиот фотограф  Дарко Митев. „Love story“ видеото е направено во Грција, нивните следбеници беа воодушевени од материјалот.

„Следниот проект се работеше на Копаоник, па затоа бевме зафатени цело лето. Љупка и јас во моментов сме единствената двојка инфлуенсери  на Балканот и така не ангажираат за  разни реклами.

Друга работа која  медиумите постојано ја пишуваат за нас е наводно нашиот влез во реално шоу како двојка. Не бомбардираа со пораки и прашања дали влегуваме или не? Љупка и јас решивме да останеме резервирани и ниту ги потврдивме, ниту ги негиравме овие шпекулации.

Поминаа точно три години од мојот влез во Големиот Брат од кој по 100 дена излегов како победник и тоа чувство е неописиво. После тоа не  следев ниту едно ријалити, но не можев да го игнорирам ова последново, бидејќи социјалните мрежи и медиумите само се зборуваше за некои измами, прељуби и скандали и тоа ми беше дното на дното.

Мислам дека Големиот Брат беше поинтересен и никој од следните не би бил на тоа ниво. Сега не сум  расположен да правам  ријалити кариера, но за да добијат повисок рејтинг и гледаност кај публиката за мене ќе мораат да издвојат не помалку од 100.000 евра“ – ќе изјави неодамна Спејко за босанскиот портал Ексклузива.ба!

Дали некој ќе го одврзе кесето и ќе биде подготвен на кумановско-струмичката љубовна двојка модни блогери да им плати сума колкава што побара и Станија за да влезе во реално шоу, ќе дознаеме наскоро. Во меѓувреме, уживајте во жешките кадри од нивниот љубовен видео едиторијал:

To top