Кумановецот Дарко Петковски –Спејко веќе извесен период има нов начин за живот за разлика од порано.
Беше редовен учесник во регионалните ријалити шоуа, освои дури и победа во „Големиот брат“, беше ултра активен на социјалните мрежи, но сега како сето тоа да го остави зад себе.
View this post on Instagram
Тој веќе некое време е стациниран во родното Куманово каде извесен период работи како спортски директор на КК Куманово, а своите животни и професионални издигнувања не ги остави само на тоа.
Имено, тој се пофали дека е на ново ниво, односно дека дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а на тој голем ден се фотографираше за спомен и фотографијата ја сподели јавно.
-„Честитки“, „Само напред“,„Добро сторено, многу успех“, се радеа коментарите.
Ако претходно можевме да видиме се повеќе провокативни фотографии од Спејко, сега како профилите на социјалните мрежи да ги поседува друга личност.
Сериозен, во елегантно издание со костум и став на еден сериозен господин кој се сигурно гради едно ново поглавје од животот.