Радио Милева чувар на убавината

Дарко Митев – момчето што ги фотографира најубавите македонски девојки: Што би дале да сте на негово место? (ФОТО)

Дарко Митев – момчето што ги фотографира најубавите македонски девојки: Што би дале да сте на негово место? (ФОТО)

Многумина гледајќи ги разголените фотографии на македонските убавици веројатно се прашуваат кои се луѓето што ги фотографираат?  Кој тоа има трпение да го задржи вниманието и полната концентрација ловејќи го уметничкиот момент кој произлегува од неговиот порив за естетика, а при тоа да не го ослободи оној другиот, природниот машки порив во себе додека фотографира некоја од убавиците која така гордо ги покажала своите телесни кавалитети пред него?  И дали меѓу уметничкиот фотограф и моделот се создава некаква хемија при позирањето и фотошутингот, за на крајот фотосесијата да има и еротика и душа во себе? Што е пак со онаа другата, природната хемија која се буди во секој потентен маж кога ќе здогледа убава разголена жена?

Прашања на кои само неколкумина уметнички фотографи кај нас можат да одговорат и предизвици кои ретко кој може да ги прифати и исполни до крај… При тоа да не ја помине „забранетата линија“, ниту во естетиката ниту во меѓусебните релации со моделот. Или можеби сепак има нешто… Што тајно гори во секој од нив?

Неговото име и презиме е Дарко Mитев, а на Инстаграм е потпишан како „Дарко Ар“ и според многумина е еден од неколкуте најдобри млади фотографи во Македонија.

Дарко ја има ретката  привилегија да ги фотографира најубавите девојки кај нас, а неговата Инстаграм-галерија е преполна со згодни и расни убавици, кои најчесто позираат во долна облека, бикини или сосема голи…

Покрај тоа што фотографира модели и манекенеки, тој исто така соработува и со повеќето познати музички имиња од македонската естрада, па неговото име може да се прочита зад кадрите од камерата на некои од најдобрите видеоспотови на македонските естрадни ѕвезди.

Викторија Лоба, Аделина Тахири, Љупка Митрова, Калтрина Криезиу Балаш, Марија Давчевска, Бојана Нушкова, Марија Јовева (Мaryse Јolene), Антонија Локвенец… се само дел од имињата на девојките од македонскиот естраден или моден свет што му го доверија своето тело „на располагање“ на младиот фотограф и режисер – Дарко Ар.

Погледнете дел од неговата фотографирана „ергела“ убавици:

 

 

To top