Иако Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се уште не се разведени, во медиумите често може да прочитаме разни „препукувања“ меѓу нив.
Така, неодамна Дарко откри дека наводно Ана го изневерувала додека биле се уште во брак, а таа остро ги демантираше овие тврдења.
„Ана не престанува да зборува глупости. Ништо никогаш не кочев, а не па еден развод. Што се однесува до неа, не разбрав многу работи, така да не ме изненадува што вели дека ја го стопирам разводот. На неа и е најлесно мене да ме обвинува, а таа да испадне жртва. Севиќ е лута бидејќи не ги потпишав документите за развод под нејзини услови, онака како што сакаше таа“ вели Дарко за српски „Телеграф“ и додава:
„Адвокатите нека си го прават своето, јас го кажав своето и повеќе не се мешам. Штом се ќе биде решено ќе одиме на суд и готово“ вели пејачот.
Исто така, Дарко ја спомнал Ана и во негативен контекст кога станува збор и за нејзината бременост.
„Марина добро ја поднесува бременоста. Таа воопшто не е напорна трудница, скромна и никогаш ништо не бара. Потполно е различна од Ана. Многу ни е убаво и многу се сакаме. Наскоро ќе почнам со настапи и не можам да ви опишам колку се радувам. На сите ни требаат пари, па и на мене. Марина и јас едвај чекаме да станеме родители“ вели пејачот.
За потсетување, Дарко од бракот со Ана ја има ќерката Лорена.