Радио Милева уплашен...

Дарко Лазиќ во нов проблем – страв од секс: Заради проблемите во спалната, пејачот на психијатар?

Дарко Лазиќ во нов проблем – страв од секс: Заради проблемите во спалната, пејачот на психијатар?
Пејачот Дарко Лазиќ не се одвојува од синот Алексеј. По приказните дека веќе работи со свршеницата Марина Гагиќ да добијат второ дете, тој тврди дека ретко има секс со партнерката бидејќи се плаши дека може да му се скрши колкот.

Имено, Лазиќ не може да се опушти за време на сексуалниот однос заради постојаниот страв од повторна обнова на повредата и раната што ја здоби како резултат на сообраќајната несреќа, па можеби ќе треба да побара и стручна помош.

„Мојата Марина постојано се жали на фактот дека во последно време ретко имаме секс. Ова не беше случај пред да се случи сообраќајна несреќа. Проблемот е што кај мене постои голем страв од повреда на колкот за време на сексот, па не можам максимално да се опуштам. Повредите што ги имав се многу сериозни, па морам да внимавам на вишок тежина додека водам љубов“ – рече Дарко, додавајќи дека тој најмногу се плашел Марина да не го напушти.

„Нормално е таа да  има свои потреби. Таа е млада, а сексот е составен дел на секоја врска. Разговарав со лекарите и ми рекоа дека нема потреба да се плашам. Но, стравот не можам да си го избијам од главата. Не можете против сопствената психа. Се’ ќе дојде на своето место, но така е засега“ –  додаде Лазиќ, велејќи дека не би се срамил да побара помош од психолог или психијатар.
„Дефинитивно ќе се консултирам со експерт ако овој проблем не исчезне“- рекол Дарко.
To top