По се’ изгледа дека Дарко Лазиќ одлучи да го промени својот живот од корен по сообраќајната несреќа што му се случи кон крајот на октомври минатата година, а за брзо закрепнување на пејачот, покрај докторот и семејството, исто така е заслужна неговата вереница Марина Гагиќ. Колку многу го сака, постојано нагласува Дарко, но на прославата на нејзиниот роденден, со една фотографија Дарко ги восхити своите фанови.
Имено, пејачот на својот Инстаграм профил вчеравечер објави фотографија на која се гледаат само очите на неговата сакана и како што велат: очите се огледало на душата, не е изненадувачки што младата девојка го освои срцето на пејачот.
„Најубавите мои очички“ – напишал Дарко под фотографијата на неговата сакана Марина.
Како што е познато, тој неа ја засака многу брзо, и одлучи да живее со неа. Марина е бремена, а Дарко не се срамува отворено и јавно да покаже љубов кон идната мајка на неговиот син.