Иако се зборуваше дека здравствената состојба на настраданиот пејач Дарко Лазиќ е стабилна и од ден во ден се подобрува, вчеравечер во клиничкиот центар во Земун се случувала вистинска драма.
Имено, како што пишуваат српските портали, фолк пејачот морал итно да подлегне на нов хируршки зафат, заради обилоно крварење во едното белодробно крило, што предизвикало негова дисфункција и гушење.
Драмата започнала вчера, недела, 04 ноември, кон крајот на денот, кога Лазиќ се пожелил дека не може да дише, па откако лекарите веднаш направиле рентген снимка, на истата се покажала голема сенка, што навело на заклучок дека во левото белодробно крило се собира некаква течност. Тогаш било алармирано семејството на Дарко, дека итно мора да му се направи нов хируршки зафат.
Хирурзите ми извршиле пункција на белите дробови од кои биле извлечени дури два литри крв, по што здравствената состојба му се подобрила. дежурната екипа лекари цела ноќ ја следела функцијата на неговите бели дробови, а денес доколку е потребно, ќе му биде извршена уште една пункција.