Дарко Лазиќ по раскинувањето со Марина Гагиќ наводно донел одлука која ќе го промени неговиот живот.
Тој за курир.рс изјави дека во септември ќе се пресели во Германија каде што ќе започне нов живот.
„Сите ме прашуваат за новите песни, но искрено не работам на новиот албум, имам други планови. По летната сезона се селам во Германија“, вели Лазиќ и откри кои се причините за неговото заминување.
„Да, дефинитивно е. Одлучив да започнам некој нов живот. Имам 30 години и доста ми беше зезање. Живеав и проживеав, сега е време нешто да направам. Во план ми е таму да отворим кафана или ресторан. Ќе видиме како ќе испадне“, вели Лазиќ кој сепак нема да ја запостави музичката кариера.
„ Пеењето е моја прва љубов и ќе продолжам да пејам. Тоа сакам и знам да го работам, само сакам да се повлечам од тука. Повеќе не ми се допаѓа овој начин на живот и целото лудило што се случува околу мене. Сигурно е дека ќе ми недостига семејството, мајката, децата, но ќе се гледаме. Не планирам да се заљубувам. Ако се случи тоа океј, ако не тоа не ми е примарна цел. Можеби ќе си ја најдам среќата таму и ќе изградам семејство“, вели Дарко кој во текот на летото има многу работа.
„ Имам закажани настапи за целото лето, само да не ги заострат мерките и ќе биде одлично. Најмногу ќе пеам покрај крајбрежјето и во странство, Хрватска, Црна Гора, Австрија – заклучи Лазиќ.
По раскинувањето со Марина, Дарко остана во добри односи со мајката на неговиот син.