Дарко Лазиќ ги демантираше написите дека се степал со својата девојка Барбара Бобак на прослава кој ја организирал негов пријател.
Пејачот тврди дека никогаш не бил посреќен кога е во прашање љубовта, па тврди дека вестите дека се степал со својата партнерка се измислени.
„Таа приказна дека јас и Барбара се степавме нема врска со мозокот, секако дека не е точно. Не разбирам зошто луѓето се обидуваат да ме прикажат во најлошо светло? Очигледно ги боли мојата среќа со Барбара, па се обидуваат да не разделат. И да е вистина, што им е гајле за мојата приватност. Секако дека не е вистина бидејќи со Барбара со сум среќен како никогаш досега“, изјави Дарко за нова.рс, а потоа Барбара го земала телефонот и додала:
„Немојте да пишувате за тоа, Дарко ја кажа целата вистина“, изјави Барбара.
Потсетување, како пренесуваа српските медиуми, Дарко и неговата девојка под дејство на алкохол се степале на една прослава.
фото: е сток/ часлав вукојиќиќ/инстаграм/дарко лазиќ