Пејачот Дарко Лазиќ повторно решил да се жени, овој пат со својата нова девојка Барбара Бобак со која е во врска само неколку месеци.
Пејачот се решил дури и да направи голема свадбена веселба под шатор во родниот крај.
Лазиќ заедно со својата девојка наводно го подготвуваат и списокот на гости кој ќе брои дури до илјада гости.
„Дарко се промени целосно откако е со Барбара. Секогаш е насмеан и повеќе не троши пари како претходно. Многу сме задоволни од него, но и од неговата девојка. Ни кажа дека никој не сакал толку многу како неа. Му се допаѓа што Барбара е природна и спонтана и што се занимава со иста професија, па често заедно би настапувале“ – вели извор близок до вљубената фолк двојка.
Дарко и предложил на Барбара да прават свадба под шатор, а таа прифатила.
„Барбара дури му рекла дека таа сонува за таква свадба, а Лазиќ и потврдил дека ќе има свадба каква што не памети Србија. И таа има големо семејство како и пејачот, па сакаат сите да ги повикаат. Само од нејзина страна планираат да има над 300 гости, а Дарко планира да викне и многу колеги, па сигурно под шаторот ќе има близу илјада званици“ – раскажува изворот.
Изворот додава и дека ќе се печат два вола на ражен по повод нивната прослава, иако во минатото неговата прва жена Ана Севиќ беше згрозена од оваа нивна традиција нарекувајќи ја „селска“ кога Лазиќ печеше вол по повод раѓањето на ќерката.
Кога сме веќе кај бившата жена и кумата, кума на венчавката на Дарко ќе биде Андреана Шчекиќ, која воедно му била кума и на првата венчавка со Ана Севиќ.
„Андреана тогаш и беше кума на Ана, но тие две го прекинаа пријателството кога Севиќ се разведе од Лазиќ. Сепак, Дарко и Андреана останаа одлични пријатели и затоа таа сега ќе му биде кума и на оваа венчавка, со Барбара“ – вели извор близок до Лазиќ.
Инаку Дарко зад себе има еден пропаднат брака и една раскината веридба, како и две деца: ќерката Лорена со Ана Севиќ и синот Алексеј со Марина Гагиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial