Дарко Лазиќ не се појавил на настап во Црна Гора. пишуваат српските медиуми.
Пејачот не се појавил на настап, а колегите од неговиот бенд пристигнале на време и се качиле на сцена, чекале пејачот да дојде, но бидејќи не се појавил се собрале и си заминале.
Според зборовите на изворот кој се нашол на лице место, еден од членовите на бендот им соопштил на менаџерите дека Дарко е уапсен и задржан на граница со Босна. Меѓутоа, луѓето од дискотеката провериле и испаднало дека тоа е лага.
Манаџерот на пејачот изјави дека тој не се појави на настап во Црна Гора и дека наскоро ќе надополни.
„Дарко не е уапсен, тој е задржан на граница со Босна, конкртено на преминот со Србија. Причина за тоа е што не го прими повикот од судијата. Тој е вратен од граница за да се јави кај надлежните. Нема простор за проблем, тоа се само технички работи. Тој се јави и се е решeно. Тоа беше пред седум дена. Што се однесува до синоќешниот настап, Дарко не дојде од приватни причини. Ние се извинувам на клубот и публиката. Неговиот настап ќе биде одржан колку што е можно побрзо,“ вели Енес за домашните медиуми.