Пејачот Дарко Лазиќ, иако во лоша здравствена состојба и неспособен за самостојно движење, избегал од Заводот за рехабилитација “Шелтерс” во Младеновац за да ја прослави Нова Година во една кафеана.
Тој и неговата вереница Марина без лекарска дозвола и знаење, заминале за Аранѓеловац, каде во една локална кафеана со звуците на хармониката ја дочекаа новата 2019 година. Не сакајќи да ја скрие својата новогодишна локација, Дарко фотографиите и видео клиповите од кафеаната го закачи на својот Инстаграм профил, што предизвика многу коментари, и го навлече гневот на оние кои го спречуваа во тоа.
„Не бев на работа два дена, па не знаев за овој потег. Од друга страна и не бев во можност да разговара со него за причините за таквото негово однесување, па затоа ќе се воздржам од коментари“ – изјавил за “Ало!” Д-р Милош Полексиќ.
Фото: Дејан Бриза