Радио Милева опасно, ризично и казниво

Дарко Лазиќ пак си „игра играчки“ со својот живот… ама овој пат и со животите на семејството! (ФОТО)

Дарко Лазиќ пак си „игра играчки“ со својот живот… ама овој пат и со животите на семејството! (ФОТО)

И по тешката сообраќајка од која едвај извлече „жива глава“ на пејачот Дарко Лазиќ никако не му „иде умот“.  Тој се пофали со новиот луксузен автомобил во кој го возеше неговата вереница Марина Гагиќ, па моментот го овековечи со фотографии кои нормално, ги прикачи на социјалните мрежи!

И ништо не би било необично, доколку при овааа фалба нема два моменти кои се и тоа како ризични… Особено за онаа што го управувала автомобилот, а и за оној што се возел со неа… па и за останатите учесници во сообраќајот!

Имено, на фотографијата јасно се гледа, а на видеото во Инстаграм приказните и јасно се слуша звучниот сигнал што предупредува дека вереницата на Дарко автомобилот го управува без да има врзано сигурносен појас. Што е ем разбирливо, ем недозволиво! Разбирливо, затоа што појасот и пречи, ја сече и затега, бидејќи таа се наоѓа во поодмината фаза на бременоста, ама недозволено и тоа по два основа: Во таква состојба трудницата е ризично да вози, а уште поризично и казниво без врзан сигурносен појас!

За ризикот и не дај Боже последиците по неа, нероденото бебе и славниот сопатник, не сакаме ниту да помислиме, а камо ли да говориме… Затоа само колку за предупредување, ама… кому да кажеш!?

 

 

 

 

To top