Откако на 23 октомври Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа, вчера првпат се појави на „Гранд“ на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранд Специјал“.
Тој истакна дека му недостигале снимањата и му годи што излегува на свеж воздух.
Дарко изјави дека до јули планира да го издаде својот нов албум. Исто така проговори за сообраќајната несреќа и дали бил под дејство на алкохол и наркотици.
„Не бев под дејство на алкохол. Да бев дрогиран, немаше да заспијам.Испив пет ракии, а тоа за мене е како ништо да не сум пиел“ вели Лазиќ.
Во студиото на Гранд, Лазиќ го дочека со силен аплауз.