Пејачот Дарко Лазиќ по тешката сообраќајна несреќа сè уште се опоравува од повредите. Откако тој ги поминал празниците во својот роден Брестач, Лазиќ повторно се вратил на терапија.
Во овој тежок период од живот со Дарко цело време беа пријателите, семејството и свршеницата Марина Гагиќ. И таман сите мислеа дека работите се тргнати на добро, дека Дарко ја надминал и здравствената и психолошката криза, се чини одново се јавуваат проблеми… И тоа со неговата психа!
„Лоши соништа од кои не излегуваш Т.П. “ – оваа реченица Дарко ја споделил на социјалната мрежа Инстаграм, а истата ги загрижи не само најблиските туку и неговите обожаватели и предизвика лавина од коментари кај нив.
Останува пејачот да појасни, што тоа се случува во неговата глава и што сакаше да каже со морничавиот пост?