Дарко Лазиќ неодамна одржа концерт во „Сава Центар“ со кој означи почеток на нов живот и нова кариера по неговата тешка сообраќајна несреќа.
Деновиве, Лазиќ беше на „Блиц полиграф“ каде што одговараше на разни прашања, некои од нив се покажаа како точни, а некои како неточни.
Тој откри дали е точно дека добил бакшиш од 50 000 евра, откри дали некогаш ја изневерил свршеницата Марина, дали имал паралелни врски.
Дали некогаш сте ја изневериле свршеницата Марина?
„Не“, одговори Дарко и одговорот се покажа како точен.
Дали некогаш сте биле во паралелна врска?
„Не“, одговори Дарко, а одговорот се покажа како неточен, а тој објасни дека не знае дека таа ситуација може да се каже како паралелна врска.
Дали е точно дека Ана Севиќ во текот на бракот ве следела?
„Да точно е. Не знам дали тоа го правела лично или преку некој друг“ вели Лазиќ и открива дека со бившата сопруга има контакт поради нивната ќерка Лорена.
Дарко исто така откри дека должел одредена сум на пари, но дека тоа сега е средно и долговите се вратени.
Дали е точно дека сте користеле наркотици?
„Да, точно е“ вели Дарко.
Целото интервју погледнете во видеото подолу.