Пејачот Дарко Лазиќ претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај спаси жива глава.
Имено, Лазиќ се уште оздравува од сообраќајката, но полека се враќа на своите обврски и ангажмани.
Така тој пред некое време влезе во студио и ја сними својата нова песна која овие денови ја пушти во „етер“.
Во песната насловена „Мајко“ се спомнува како секоја солза на мајка му го стигнала, но и дека нема лек за тагата бидејќи се уште ја сака жената која сега е покрај друг човек.
Многумина коментираат дека оваа песна потсетува на бившата на Лазиќ, Ана Севиќ.
Слушнете и проценете сами….
За потсетување, Дарко и Ана се разведоа неодамна, а тој чека дете со друга жена.