Саша Матиќ пееше за просславата на Денот на вљубените, па во преполниот Лагатор центар во Лозница, тој одржа концерт за оние кои го прославуваат Свети Валентин.
Во публиката беше и неговиот колега Дарко Лазиќ со свршеница Марино Гагиќ, која е во седмиот месец од бременоста. Дарко иако се’ уште е во фаза на рехабилитација и закрепнува од тешките повреди здобиени во страотната сообраќајна несреќа што ја доживеа кон крајот на минатата година, сепак реши да ја изнесе вереницата за овој ден, па ја одбра токму оваа локација.
Појкрај се, Дарко го зеде микрофонот во еден момент и заедно со Саша ја отпејаа песната “Некои птици никогаш нема да полетаат”, со што ги воодушеви присутните. Ова е негово прво појавување по сериозна несреќа во која тој претрпе сериозни повреди и неколку дена беше во кома.