Радио Милева

Дарко Лазиќ имал напад: На пејачот му се слошило на рехабилитација

Дарко Лазиќ имал напад: На пејачот му се слошило на рехабилитација

Здравствената состојба на Дарко Лазиќ кој се наоѓа на Институт за рехабилитација му се влошила откако тргнал на физикална терапија, пренесуваат медиумите.

„Во последниот месец, Дарко преживеа многу здравствени проблеми и компликации. Лежеше на интезивна нега речиси еден месец, а го посетуваас само лекарите, семејството и девојката“ вели добро известен извор и додава:

„Пациентите во бања имаат терапија со струја во заедничка соба и никогаш не сами кога треба да прават вежби. Дарко расположен отиде на првата терапија, но штом излезе од собата доживеа шок. Во ходникот го начекаа новинари, од кои безуспешно се обидуваше да побегне.Следеше терапија во полна соба, а на Лазиќ му беше се полошо. Не му беше лесно, но издржа. Често ги прашуваше лекарите уште колку време ќе трае терапијата бидејќи многу го болеше десната нога„ вели изворот и додава:

„Кога медицинските лица се вратија во собата, на Дарко одеднаш му се слоши. Му се качи притисокот, срцето почна забрзано да му чука. Не можеше да дојде до воздух, а потоа на лекарите им кажа дека имал страв. Докторите му кажаа дека имал напад на паника и дека таквите ситуации се нормални во случаеви каков што е Дарко. Едноставно по долго време излезе меѓу луѓе, па неговото теле реагираше поразлично“ раскажува изворот.

To top