Радио Милева само кога е луд и нервозен

Дарко Лазиќ продолжува да „дивее“ со автомобилот: Пејачот повторно возел без возачка дозвола?! (фото)

Дарко Лазиќ продолжува да „дивее“ со автомобилот: Пејачот повторно возел без возачка дозвола?! (фото)

На пејачот Дарко Лазиќ во 2013 година трајно му беше одземена возачката дозвола, но тој  одвреме-навреме беше зад воланот без разлика на тоа.

Сега неговата избраничка на социјалната мрежа „Инстаграм“ сподели видео од Дарко како повторно вози автомобил. Бидејќи фолкерот неколку пати имал проблеми со законот поради прекршоци зад воланот, овојпат направил и уште еден прекршок.

На видеото се гледа дека Лазиќ вози на пат за Прага, па постои можност возачкиот испит да го положил во друга земја, поточно во Германија, за која претходно зборуваше.

Тој во 2018 година имаше сообраќајна несреќа,  каде возел во алкохолизирана состојба па, едвај  излегол жив, а потоа нагласил дека никогаш повеќе нема да седне зад воланот.

– Имам доживотна забрана за возење, но можам повторно да полагам во Германија. Среќа што не ми ја одзедоа дозволата за мотор и за трактор. Го имам тракторот на дедо ми и го возам кога работам на нива. Возам мотори од мојата дванаесета годин. Кога сум лут и нервозен, седнувам да возам до Нови Сад или Златибор. Така заборавам на сите проблеми и се враќам дома полн со позитивна енергија – изјави Лазиќ.

Да потсетиме, Дакро Лазиќ во 2013 година возел автомобил со истечена регистрација, а потоа две години подоцна бил фатен како на пат се забрзува за 80 километри на час повеќе од пропишаната брзина во тој дел од главниот град.

Потоа, истата година, повторно неколку пати бил фатен без дозвола и под забрана за возење.

Исто така, во 2016 година во градот Умчари возел 20-40 километри на час побрзо отколку што е пропишано во тој дел од патот. Истиот ден му е поднесена кривична пријава и за возење без соодветна возачка дозвола.

Лазиќ е казнет и неколку пати поради невнимателно паркирање, а уште неколку пати поради возење без возачка дозвола.

Фото: Принтскрин/Инстаграм?Дарко Лазиќ/З. Илиќ/А. Димитријевиќ

To top