Популарниот пејач Дарко Лазиќ замина на турнеја во Америка, а таму одлучил да го посети тату мајсторот и да направи уште неколку тетоважи. Лазиќ се одлучил за една комплицирана со ликот на Ал Пачино од филмот „Лице со лузна“, додека другата ја направил во форма на реченица, а иста таква имаат и неговите пријатели. Познато е дека пејачот има неколку цртежи, па многумина шпекулираа дека новиот ќе биде посветен на Катарина, неговата девојка. Сепак, тоа и овој пат не беше случај.
Тетоважата е прилично голема, го покрива речиси целото бедро, а пејачот херојски сето тоа го издржа. Освен ова, Дарко и неговите двајца пријатели истетовирале::”My life, my rules”, што значи: „Мој живот, мои правила“.
Тројцата ги покажаа своите нови тетоважи, а сите сѐ воодушевија.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Дарко Лазиќ