Дарко имаше само 16 години на аудиција за „Ѕвезде Гранда“, а Саша Поповиќ уште тогаш го препознал неговиот талент.
Пејачот Дарко Лазиќ важи за еден од најбараните пејачи на естрадата, а кариерата ја започна во популарното шоу.
Сепак, ретко кој се сеќава дека Дарко двапати бил на аудиција со Саша Поповиќ. Во Шабац првпат беше во 2007 година, кога не се пласираше на следното натпреварување. Една година подоцна тој повторно се појави и имаше многу подобра среќа.
Иако на аудицијата дојде на само 16 години, Дарко веќе имаше развиен глас и веднаш ги воодушеви сите кога на аудицијата ги отпеа хитовите на Ацо Пејовиќ и Никола Роквиќ, а неговиот талент веднаш беше препознаен од публиката, која го награди со голем аплауз.
– Земете му автограм сега, после ќе биде доцна – рече тогаш Саша.
Изгледа дека директорот на „Гранд“ бил во право кога е Дарко во прашање, па младиот пејач се уште важи за еден од најдобрите пејачи на српската фолк сцена, но и еден од најбараните.
фото:Јутјуб принтскрин/Амиџи шоу