На пејачот Дарко Лазиќ наводно ми стигнуваат закани од мафијата која е поврзана со естрадата.
Имено, како што пишува курир.рс поради долгови Дарко добивал закани дека ќе заврши како Шабан Шаулиќ.
Наводно, Лазиќ е должен 300 000 евра на еден менаџер, а тие пари ги потрошил за лекување и за купување на автомобили.
„Дарко земаше пари и ги трошеше. Тој мислеше дека долгот ќе го плати со пари од настапи. Земаше пари за скапи автомобили, летувања и трошоци кои не се мали бидејќи е познато дека трошеше на дрога и коцка. Меѓутоа, во плаќање на долгот го спречи сообраќајната несреќа и тогаш мораше да позајми пари за лекување. И тука настанаа проблемите, бидејќи никој нема пари за фрлање. Тие луѓе кои му даваа пари многу се налутија бидејќи се врати на стариот живот. Дарко повторно почна да пие, а се плашат дека повторно ќе земе дрога“ вели извор за курир.рс и додава:
„Прво, му се јавија на Дарко и му кажаа што да прави. Прво беше да сними песна и да почне да пее како порано, а ако повторно се врати на пороците, нема да му ги простат долговите“, вели изворот.
За потсетување, Лазиќ во октомври претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај се спаси.