Радио Милева мајами хит

Дарко Илиевски е зет „за машала“: Ние живееме кај што вие летувате! (ФОТО)

Дарко Илиевски е зет „за машала“: Ние живееме кај што вие летувате! (ФОТО)

Македонскиот поп-пејач Дарко Илиевски неодамна со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели на Флорида, САД, каде што со години живееше неговиот дедо или поточно таткото на невестата, која е ќерка на познатиот ДЈ Славе Келешовски, кој трипати беше избран за најдобар диџеј во Југославија.

Оттогаш пејачот на  своите профили на социјалните мрежи постојано постира фотографии.

Така на својот Инстаграм профил пред некој ден се пофали дека се веќе во Америка и дека уживаат на плажа, објавувајчи фотографија како „се секираат во плиткото“!

Само неколку дена потоа еве ја и најновата… А на неа, пејачот одново на плажа со саканата. Во „хавајка“ и бермуди, со старки на песокот, Даре изглеа како вистински „зет за машала“. Очигледно бракот му годи, „проклета е Америка“ му прија уште повеќе, па и невестата, а особено тој, ставиле по некое кило – две -три…наесет,  повеќе.

Па, во поза ала „Ник Слотер“ од хит серијата „Тропска горештина“, со оваа фотографија младата брачна двојка се пофали и на социјалните мрежи, со пост во стилот:  „Ние живееме кај што вие летувате“!

Епа фино… Само нека ви е убаво и… наминете понекогаш… „Да летувате, кај што до вчера живеевте“!

З’ш, како Струга немат друга, нели?

 

To top