Дарко Филиповиќ на 20 јули доживеа сообраќајна несреќа во која за влакно ја избегна смртта.
„За валкно ја избегнав смртта, ја гледав во очи. Беше страшно“, вели пејачот и открива како дошло до сообраќајната несреќа.
„Не сум виновен. Човекот возеше со голема брзина во населено место. Кога удри во мојот автомобил, ме сврте за 360 степени. Не знаев што ме снајде“, вели Филиповиќ и додава:
„Да бев во помал автомобил, од мене немаше ништо да остане. Искрено, не знам како преживеав. Се уште сум во шок и трпам болки. По сообраќајката ме однесоа во Ургентен каде што пет часа поминував на испитувања“.
Момчето кое ја предизвика сообраќајната несреќа се здобил со полесни повреди.
Филиповиќ истакна дека неговата сопруга и ќерка се во Ниш, па на тој начин го избегнале стресот да го видат повреден.