Пејачката Дара Бубамара не откри нов партнер откако раскина со 22 години помладиот партнер Тони. Сепак, познато е дека таа отсекогаш била во добри односи со поранешниот сопруг Милан Кесиќ, со кој го има синот Константин.
Овој пат поранешните сопружници повторно беа фатени заедно од екипата на шоуто „Папарацо лов“.
Имено, Дара во текот на денот обврските ги извршувала во родниот Нови Сад, додека вечерта се упатила за Белград и заминала на Дедиње каде има свој стан.
Дара таму ја пречекал поранешниот сопруг со кој влегла во станот. Инаку, Дара отсекогаш потенцираше дека со Кесиќ има пријателски односи сите овие години и дека си одговараат, особено откако и двајцата ги загубија родителите.
– Бев меѓу првите што дознав кога Дара почна да излегува со друго момче, ми кажа таа. Не сум го запознал, но не ми пречи ако тоа се случи. Имам и девојка, таа се вика Марија. Дара е многу позитивна личност, убава и искрена – своевремено зборуваше Милан за нивната врска.
– Со Дара се знаеме 12 години, бевме и останавме најдобри пријатели. Малку е тешко да ви ја објаснам нашата врска, тоа е сосем специфично. Вистината е дека јас и Дара никогаш не сме биле во вистински брак, главно нашата врска се базираше на пријателство и почит. Постоеше и страст меѓу нас, потоа Дара остана бремена, па потоа се венчавме. Сепак, последните две и пол години брак немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во посебни соби. Таа, како и секоја жена, мораше да излегува, да запознае некого. Тоа не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука – изјави тогаш Милан за медиумите.
– Милан, Коста и јас патуваме заедно, лани бевме во Турција, а во јануари во Дубаи. Па кој ќе ми биде најдобар пријател ако не тој? Неговите родители многу ме сакаа, а моите го сакаа него – изјави Дара гостувајќи во емисијата „Шоуто продолжува“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/Папарацо лов