Српската пејачка Дара Бубамара без вкална на јазикот „распали“ по пејачот Владо Георгиев. Дара коментираше дека нејзините песни во минатото ги правеле бројни поп автори, меѓу кои Ана Станиќ и Владо Георгиев.
Со Ана е во добри односи, како и со Раста и други рапери со кои соработуваше досега. Единствено со кого денес не разговара е Владо Георгиев.
„Војната“ постои откако Владо беше во жирито на ТЛЗП каде Дара учествуваше, а за неа тогаш имаше да каже доста лоши критики.
View this post on Instagram
-Горда сум на соработката со сите, освен на Георгиев кој е смрдеш од човек. Тој беше еден обичен тонец во студио кај Кона и Копац и дека е среќен што воопшто добил прилика да работи со ѕвезда како мене. И тогаш едвај дочека да дојде во емисија и да плука за мене и да се срами што работел со мене, вели Дара во емисијата „Ексклузивно“.
Георгиев наводно се оградуваше и од соработката со Наташа Беквалац, со која работеше на првиот албум „Не брини“, па Дара додава:
-Па секако, кога ни таа ни јас не го „фермавме два посто“.
фото:instagram