Радио Милева

Дара Бубамара „боде очи“ во бикини: „Така е Радојка, нека грми раскош“ (ФОТО)

Дара Бубамара „боде очи“ во бикини: „Така е Радојка, нека грми раскош“ (ФОТО)

Српската фолкерка Дара – Бубамара ништо не може да ја сопре или спречи да ужива во животот. Ниту губи време, ниту штеди пари за да си го направи ќеифот, зашто Радојка Аџиќ, како што и е вистинското име на фолкерката, оддамна сфатила дека само еднаш се живее. По летниот одмор во Грција, пејачката најде модус како  повторно да замине на летување, па овој пат нејзина дестинација е  монденското Монте Карло.

Да летуваш кај милијардерите, а да не се пофалиш, исто како да си се капел на Ада Циганлија, па за затоа Дара веднаш при нејзиното пристигнување во оваа позната дестинација, објави неколку фотографии од нејзиното опуштање и летна релаксација.

Хотелскиот базен очигледно е местото каде што фолкерката го минува сончевиот ден, па се разбира, фотографиите не изостануваат. А на нив,  во прв план што друго, ако не нејзините бујни атрибути.  Иако русокосата фолкерка можеби не спаѓа во онаа категорија жени кои се нарекуваат млади, сепак има со што да се пофали, заведе и привлече – големата овална задница и огромните силиконски  гради.

Штом разголените летни фотографии осамнаа на нејзините профили на социјалните мрежи, обожавателите и следбениците  веднаш започнаа да ги коментираат, се разбира, потенцирајќи го нејзинот изглед и телесниот раскош, каде „боде очи“ гигантскиот граден кош!

„Така е Радојка, нека грми раскош“ – напишал еден обожавател на Дара-Бубамара уметничкото име по кое ја знае цела нација, или поточно Радојка Аџиќ, како што и стои во документите за лична идентификација.

To top