Радио Милева

Дара Бубамара се вратила на поранешниот сопруг? Заедно ја дочекале 2020-та, па разменувале нежности среде ресторан

Дара Бубамара се вратила на поранешниот сопруг? Заедно ја дочекале 2020-та, па разменувале нежности среде ресторан

Дара Бубамара по три години се вратила на својот поранешен сопруг Милан Кесиќ, пишува инофрмер.рс

Пејачката пред неколку дена се смрила од бизнисменот од Париз, а заедно ја дочекале и Новата година во еден ресторан во Белград.

„По разводот, Дара со поранешниот остана во одлични односи. Се слушаа секој ден, најмногу поради Коста. Милан пред неколку дена стигна од Париз и веднаш и се јави. Ја праша каде пее за Нова година и кажа дека сака таа вечер да бидат заедно“ вели извор близок на пејачката и додава дека Дара и Милан се виделе два дена пред најлудата ноќ:

фото: принтскрин/инстаграм

„Заминаа на вечера, а тогаш Милан и кажа дека и недостига и дека би дал се на светот за да повторно бидат семејство. Дара се разнежи на тие зборови, му се приближи и го бакна. Потоа, заедно заминаа во нејзиниот стан и заедно ја поминаа ноќта“ тврди изворот.

Дара на 31 настапуваше во еден познат ресторан, а Милан пристигнал заедно со пријателите.

„Дара пееше, а Милан седна заедно со пријателите. Направи одлична атмосфера, беше многу расположена. Од сцената му праќаше бакнежи, а тој цело време наздравуваше. Кога помина полноќ, Дара му се приближи и го бакна пред сите. Дури еден момент на Инстаграм објави видео на кое се гледа како со Милан седат на иста маса“ вели изворот за Информер.

фото: принтскрин

Дара не сакаше да признае дека повторно со сопругот, но призна дека се во одлични односи.

„На луѓето во Србија не им е јасно како поранешниот сопруг ме чува како вода на дланка. Мене Милан навистина ме сака, ме почитува, а и јас него. Многу ми помага, имам многу поддршка од него, не мислим само на материјално, Ние цел живот ќе бидеме заедно бидејќи го имаме синот Коста“ вели пејачката.

фото: Принтскрин

Како што пренесува Информер, Дара и Милан биле видени во еден ресторан на Дедиње каде што разменувале нежности.

„Се однесуваа како да се заљубени голубчиња. Само се бакнуваа. Беа многу слатки“ вели изворот кој бил во ресторанот кога била и пејачката.

To top