Дара Бубамара се степала со маж на аеродромот Никола Тесла во Белград. Инцидентот се случил во средата во 13.30 часот, пред да се качи на летот за Тиват.
-Додека чекавме ред за да се качиме во авионот, еден човек почна да вика на Дара: „Следниот пат пази како возиш да не ти ја е*ам мртвата мајка!“ Очигледно двајцата се сретнале пред аеродром, изгледа Дара го „пресекла“ тој лик во сообраќајот, па полудел кога повторно ја сретнал – вели еден од очевидците.
Пцовката ја извадила од такт и почнала да го удира човекот кој е речиси половина метар повисок од неа!
-Го удрила со тупаници, чанта, го изгребала…Тој и го покрил лицето со рацете и не возвратил – вели очевидец и додава дека останатите патници скокнале да ги разделат.
View this post on Instagram
-Полицијата набрзо пристигна, а Дара и тогаш не се смири. Рекла дека ќе го осакати доколку повторно го сретне бидејќи ја проколнал нејзината мртва мајка. И покрај тепачката таа се качи во авионот, а тој човек не го видовме.
Пејачката за српски Информер ја потврди оваа приказна.
– Точно е дека имаше инцидент! Возев малку побрзо за да се качам на летот, бидејќи имав закажан настап во Црна Гора. Тој човек ме навреди без причина! Слаба сум на моите родители, кои веќе не се живи, и секогаш ќе скокам на секој што ќе ги допре моите најблиски – рекла Дара, пренесува Информер.
фото:Инстаграм/Дара Бубамара