Пејачката Дара Бубамара наводно раскинала со 21 години помладото момче Марко Дујаковиќ Тони поради милионер од Монте Карло.
Пејачката веќе некое време не е во врска со Тони, а милионерот кој живее во Монте Карло има 35 години и потекнува од Србија.
Инаку, во последно време Дара не се појавуваше со својот партнер на јавни места, ниту пак објавуваше заеднички фотографии.
„Со Тони се запознав во едно кафуле, се допишувавме подолго време, ни тој, ни јас не знаевме дека така ќе биде. Ни се судрија енергиите, ние сме сродни души, тој ме доживува како врсничка, тој отсекогаш сакал постари жени, доста е зрел за своите години“ изјави Дара во една прилика.
Пејачката не се огласи по повод овие пишувања.