Радио Милева го запознала со синот

Дара Бубамара првпат проговори за врската со 24 години помладото момче: „Ме чува како кралица“

Дара Бубамара првпат проговори за врската со 24 години помладото момче: „Ме чува како кралица“

Дара Бубамара првпат проговори за врската со нејзиното 24 годишно момче кои сите го знаат како Тони, но негово вистинско име е Марко.

Како што истакна во нејзиното последно интервју, Марко и го наравил животот поубав.

„Навистина ми го направи животот поубав, ми овозможи патувања. Искрено, ми се случи такво момче, таква љубов, па не ни го почувствував коронавирусот“, вели Дара.

фото: принтскрин/инсаграм/дара бубамара

„После долго време некој ме гледа како кралица. Ме гледа како вистинска жена. Убаво ми е со Марко. Тешко некој да биде доминантен кон мене, но и тоа се случи“, вели пејачката.

Марко се запознал со синот на Дара, Коста.

„Многу убаво живеам, а тие многу убаво се согласуваат“, заклучи Дара за „Ексклузивно“.

To top