Вонајновото издание на шоуто Амиџи, една од гостите беше и пејачката Дара Бубамара, која е позната како личност без влакна на јазикот и не се двоуми да коментира за актуелните работи на сцената и воопшто во животот.
Таа, исто така, се осврна на разни теми од нејзиниот приватен живот, како и врската со младиот Тони за кој српските медиуми веќе неколку месеци пишуваат дека раскинале.
На прашањето од водителот што во моментов се случува во животот на Дара и дали сè уште е во врска со помладиот Тони, таа истакна дека се уште е со него.
– Сè уште сме заедно, сè е во ред. Тој не е од јавната работа и едноставно не сака да биде експониран, туку да бидеме заедно и за нас е прекрасно – истакна кратко и јасно Дара која и претходно изјавуваше дека тие никогаш не ја прекинале врската и дека тоа се само измислици.