Пејачката Дара Бубамара даде интервју за српскиот портал „Еспресо“ пред еден клуб во Обреновац, каде што таа имаше настап.
Бидејќи работи со полно работно време, Дара откри дали е уморна од силните настапи во различни градови:
„Едно време бев уморна затоа што имав настап секоја вечер во неделата, но еден ден ми е доволен за да закрепнам“ – започна пејачката.
Главна тема со месеци е врската со нејзиното момче Тони, се шпекулираше дека тие не се заедно, па Дара ги демантираше овие обвинувања:
„Заедно сме, но не се појавуваме во јавност, тоа беше негова желба. Се е во ред меѓу нас“ – призна таа.
View this post on Instagram
Зборувајќи за емотивните партнери, фолкерката откри дали го запознала своето сегашно момче со нејзиниот поранешен сопруг:
„Тони и Милан се уште не се запознале. Но, нека се случи кога ќе треба, не форсирам“ – кратко објасни пејачката.
И конечно, со оглед на тоа што нејзината љубов кон 20 години помладото момче Тони цвета, Дара конечно го даде одговорот кога и дали ќе стапне на лудиот камен со избраникот:
„Не планирам свадба, не сум во тој стил. Мислам, животот е чудо. Никогаш не вели никогаш, но не за сега“ – заврши пејачката.
извор: espreso.rs