Пејачката Дара Бубамара одлучи да оди на операција на градите и да ги намали за еден број бидејќи и сметаат при тренинг.
„Таа го смени начинот на исхрана и секој ден е во теретана. Меѓутоа, Дара многу ослабе и сега проблем и прават големите гради. Почнаа да и пречат, па сака да се ослободи од нив“, вели пријателка на пејачката.
„Позната е на естрадата како некој кој има сериозни шестки, но сега со помалку килограми почнаа да и сметат, да ја болат и градите и грбот. На некои жени големите гради изгледаат вулгарно додека Дара знае да го истакне бујното деколте“, вели изворот.
„Многумина му завидуваат на младиот Тони и тој е свесен. Иако сите предвидуваа дека тоа ќе биде кратка романса тие го покажуваат спротивното. Не се забележува разлика во годините, дури ми се чини дека Дара има и повеќе енергија од Тони“, заклучува соговорникот.
Наводно, пејачката ќе почека да завршат празниците, па тогаш ќе оди да ги намали градите.