Пејачката Дара Бубамара често е мета на критики поради фотошопот кој речиси го злоупотребува за да изгледа што е можно помладо и послабо, а сега објави видео без филтри и се пофали дека ослабела.
Имено, Дара неодамна се стави на диета, со која ги изгуби вишокот килограми. Како што изјави тогаш, од исхраната ги исфрлила слатките и тестото, па најмногу консумирала зеленчук.
-Не знам од каде имам толкава енергија и сила, десет дена ништо не јадам, само зеленчук. Неверојатно е колкава енергија имам, не знам дали некој пејач е роден со толку енергија како мене. Понекогаш се борам сама со својата енергија – изјави неодамна пејачката, која сега објави видео и покажа тенок струк.
Но, таа не ги убеди баш сите, зашто откако претходно ја изгуби довербата кај обожавателите, тие се’ уште не и веруваат дека видеото е автентично и без филтер.
Foto: Printskrin/Instagram/darabubamara_official