Радио Милева

Дара Бубамара неодамна раскина со младиот кошаркар, а сега популарната пејачка има ново момче?

Дара Бубамара неодамна раскина со младиот кошаркар, а сега популарната пејачка има ново момче?

Српските медиуми неодамна пишуваа дека популарната пејачка Дара Бубамара раскинала со момчето односно кошаркарот Немања Безбрадич.

Според пишувањата на „Курир“, Дара сега има ново момче односно е во врска со странски фудбалер.

Иако не сакаше да зборува за раскинувањето со Немања, за кого се шпекулираше дека му раскинала откако ја запросил, Дара со нејзините изјави потврди дека таа врска е завршена.

foto: DADO ĐILAS, VLADIMIR ŠPORČIĆ

Меѓутоа, наводно пејачката се “смувала“ со млад фудбалер.

„Дара и Немања раскинаа пред три месеци. Таа беше сама одредено време, а потоа започна врска со еден фудбалер од Европа. Не се гледаат во Србија. Дара само што раскина една врска, па не сака ништо да форсира“ вели извор за „Курир“ и додава дека пејачката не можела да сокрие од своите пријатели.

Популарната пејачка не сакала да коментира за нејзиниот приватен живот.

„Не сакам ништо да коментирам, мојот приватен живот е моја работа“  изјави Дара.

To top