Популарната пејачка Дара- Бубамара доживеала вистинска драма за време на својот престој во Барселона. Имено, откако шпанската полиција ги уапси лидерите на Каталонија, народот се побуни и демонстрантите се судрија со полицијата.
“Дојдов во Барселона во понеделникот и сакавв да останам до петок за да се одморам. Одеднаш, среде ноќ, слушам хаос, полициски сирени, викотници, пукотници, детонации… Погледнав низ прозорецот на хотелот и видов луѓе како се тепаат и буквално се убиваат меѓу себе на улица“ – рекла Дара.
Персоналот на хотелот и рекол да се спакува и да си оди дома затоа што не можат да и ја гарантираат безбедноста.
„Не спиев цела ноќ од страв и врева, во 5 часот наутро ме повикаа од рецепцијата, се извинија и рекоа дека е најдобро ако го напуштам хотелот, затоа што не ми гарантираат безбедност бидејќи некои протестанти се обиделе да влезат насила во хотелот. Платив за најскапиот хотел, сакав да уживам, да се одморам во Барселона, а таму едвај спасив жива глава “ – раскажала пејачката.