Српската пејачка Дара Бубамара наводно раскинала со 17 години помладиот кошаркар немања Безбрадиќ и тоа во моментот кога ја запросил, пишува Блиц.рс.
-Дара беше заљубена во Немања, но не беше подготвена за брак. Штом ја праша да се омажи за него, таа одлучи да раскине бидејќи сфати дека не сакаат иста иднина. Тој сака брак и семејство, а нејзе кариерата и е приоритет. Веќе двапати се мажеше и не сака да се впушти во трет брак, открива извор близок на пејачката за сропски „Информер“.
Пејачката зад себе има два брака и реши повеќе да не се мажи, што отворено му кажа на кошаркарот. Затоа неговото запросување ја изненади.
Вториот сопруг на Дара е Милан Кесиќ со кого го има синот Константин, додека пред него беше мажена за Лазар Дугалиќ со кого беше седум години во врска, а се венчаа во тајност, додека се разведоа во 2007 година по само шест месеци брак.