Дара Бубамара откога се појави на естрадата веднаш ги собра сите симпатии на публиката.
Мињонче, мила, русокоса, талентирана, вистинско освежување во тоа време.
Сепак, во текот на кариерата која трае повеќе од 25 години, пејачката имала многу трансформации и естетски операции, а во последно време не објавува ниту една фотографија ако таа претходно не и е фотошопирана.
Сепак, сега осамна стара фотографија од Дара Бубамара на која се гледа нејзината природна убавина, а може да се забележи дека во текот на кариерата се здебелила неколку килограми, а своите обожаватели таа ги потсети и на времето кога беше позната по пикси фризурата.
Да потсетиме, Дара неодамна за медиумите изјави дека често ги менува силиконите и се грижи за својот изглед:
„Често менувам силикони, пред се затоа што морам. Слушам како некои колешки ме озборуваат, но можат само да ми плукнат под прозорец. Ги следам светските трендови, а кај нив гледам само дека ма многу повеќе лажен морал“ – изјави таа неодамна за медиумите.
Фото: Инстаграм принтскрин/estradni.arhiv/darabubamara_official