Радио Милева Горе барбика, подолу пластика, најдолу...?

Дара – „Бубамара“е перверзно провокативна: Што и да облече, по(а)рно и стои! (ФОТО)

Дара – „Бубамара“е перверзно провокативна: Што и да облече, по(а)рно и стои! (ФОТО)

Српската фолкерка Дара – „Бубамара“ како да го следи патот на Јелена Карлеуша во секој чекор, па кариерата многу повеќе ја гради со изгледот, отколку со песните. До душа и обете знаат дека оваа денешнава, особено пак нивната музика, многу подобро се дожувава со очи отколку со уши.

Затоа Дара секој ден има ново изненадување за своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи… Или подобро кажано, нова провокација за целата нација. И за нејзината и за оние во околината, зашто изненадувањето е наменето и за дома и за опкружувањето.

Така и овој пат главна тема што боде очи кај Дара е нејзинита гардероба. А на секоја нова фотографија Дара со имиџ – „порнографија“! Или длабоко деколте во кое удобно се сместени нејзините гигантски силкони, па огромните сифони на пејачката доминираат во прв план, фрлајќи се друго во сенка на сликата…

…Или ултра кусо мини фустанче од кое срамежливо ѕирка ништо помалку големата задница на русокосата, која преферира да биде „фок кралица“…

„Боди“ фотографиите се исто така дел од нејзиниот омилен фото стајлинг. Розово „фламинго“ со огромни процепи од страна низ кои одново ве поздравуваат џиновските гради.

Може и проѕирно црно, од провидна тантела и црна лента преку брадавиците на убавицата…

А кога сме кај црната лента, неа ја има и кога на фотографијата наменета само за тебе, Дара – Бубамара нема ништо на себе. Па, она што (не) треба да се види е прекриено со црна лента. Црно е горе, црно е долу, ама само веројатно кога би оделе по природна логика.

Вака, горе русокоса, подолу пластика, најдолу…?  Дознаваме само кога Дара ќе притисна „погрешно“ копче!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dara-bubamara-se-oglasi-po-povod-eksplicitnite-sodrzini-koi-osamnaa-na-socijalnite-mrezi/

Ама затоа сигурно знаеме нешто друго: Дара – „Бубамара“е перверзно провокативна. Што и да (с)облече, по(а)рно и стои!

 

 

 

To top