Радио Милева
и се закани на својата колешка

Дара Бубамара „бесна како рис“: Ти мала „певаљко“ ќе продолжиш да пееш за 82 евра

Дара Бубамара „бесна како рис“: Ти мала „певаљко“ ќе продолжиш да пееш за 82 евра

Пејачката и поранешна „задругарка“ Сара Рељиќ неодамна се огласи по повод гласините дека токму таа е причината за прекин на врската на Дара Бубамара и нејзиното момче Тони.

Таа сама се пофали дека неколку пати излегла со Тони, но како што кажа дека во тој период тие двајца не биле во врска.

-Вистина е дека го познавам Тони и дека неколку пати излеговме, но ништо повеќе од тоа. Во моментот кога излегувавме тој не беше во врска со Дара колку што знам. Барем така ми беше кажано. Што се однесува до мене, тука никој никого не оставил, изјави Сара за „Пинк.рс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SARA RELJIĆ (@sara_reljic.1)

Апропо целата ситуација со своја изјава излезе и Дара Бубамара, која по се изгледа е „бесна како рис“ на својата помлада колешка, а иако не и го спомна името, јасно беше на кого цели.

-Имам свој љубовен живот. Некои „певаљки“ нависнита мислат дека преку мене ќе станат успешни. Многу ми жал и понатаму ќе настапуваш за 82 евра. Ти мала „певаљко“, ако само ми го споменеш името и продолжиш да лажеш за момците од моето далечно минато ќе добиеш тужба, напиша Дара на Инстаграм, но постот покасно беше избришан.

Останати вести од Радио Милева