Радио Милева намерно или случајно?

Данијела Мартиновиќ во 1995 година се венчаше во истата црква во која се венчаа Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Данијела Мартиновиќ во 1995 година се венчаше во истата црква во која се венчаа Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа претходната сабота (19.02.2022).

Популарниот пар го изговори судбоносното „да“ во црвката „Свети Доминика“  во Сплит . На интимната церемонија присуствуваа најблиските, а двојката не ја тргнуваше насмевката од лицето.

Кога станува збор за црквата во која се венчаа Грашо и Хана, малкумина знаат дека во истата црква во текот на 90тите се венчаше и Данијела Мартиновиќ за својот прв сопруг Марко Перковиќ- Томпсон.

Данијела и Марко се венчаа во 1995, а нивниот брак беше поништен во 2005 година.

Наводно, Хана и Петар сакале да се венчаат во црквата „Свети Дује“, но за да ја зачуваат својата приватност се одлучиле за црквата „Свети Доминика“ бидејќи само таа пристап на автомобили до самиот влез на црквата.

Исто така, се пишува дека тортата на младоженците била по вкусот на Данијела Мартиновиќ.

Како што пишува index.hr, словенскиот готвач Томаж Кавчиќ кој беше кум на свадбата на Петар Грашо направил торта иста каква подготвил за Данијела пред две години.

Данијела се уште не ја коментираше свадбата на нејзиниот бивши, а на социјалните мрежи објавува само работи поврзани со нејзината професија и настапи.

фото: Принтскрин/инстаграм/danijelamartinovic/petar_graso_fan_page/dvorec_zemono

 

To top