Радио Милева „губитокот може да стане добиток“

Данијела Мартиновиќ првпат ја прокоментира свадбата на Петар Грашо

Данијела Мартиновиќ првпат ја прокоментира свадбата на Петар Грашо

Данијела Мартиновиќ се огласи откако нејзиниот бивши Петар Грашо со кој беше во врска 24 години се ожени со 14 години помладата Хана Хуљиќ.

Познато е дека Данијела и Петар беа во врска долго години, а како бомба одекна веста дека парот раскинал.

Набргу по раскинувањето, Грашо започна врска со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ со која се венча на 19 февруари 2022 година и го очекуваат своето прво дете.

Мартиновиќ досега не се огласуваше, а сега за стори.хр ја прокоментира свадбата на нејзиниот бивши.

-Многу е тешко да разликувате што е губиток, а што добивка бидејќи она што во еден момент ни изгледа дека е губиток со текот на времето станува добивка, а така и она што е добиток со текот на времето може да сфатиме дека е губиток. Тоа е магија на времето, изјави Мартиновиќ во интервју за стори.хр

За потсетување, Грашо и Данијела раскинаа претходната година.

фото:Boytronic, Mario Poje/Инстаграм/danijelamartinovicofficial/story srbija

To top