Раскинувањето на Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ по 24 години врска ја разбранува јавноста, особено откако во медиумите се појави информација дека пејачот сега е вљубен во 14 години помладата ќерка на композиторот и негов колега, Тончи Хуљиќ, убавата Хана Хуљиќ.
како на ова реагираше неговата поранешна девојка Данијела, најдобро кажува нејзиниот Инстаграм профил. Пејачката реши целосно да го „избрише“ Грашо и нивното заедничко минато, па го испрати од оваа социјална мрежа! Покрај тоа, Даниела ги избришала фотографиите кои ги имала со поранешното момче.
Кога го видел тоа Грашо и тој го направил истото. Прво ја испрати Даниела, а потоа отстрани се’ што го потсетуваше на неа. Сепак, тој задржал една фотографија, онаа на која некогаш среќната двојка позира со Северина.
Инаку, Данијела, покрај Грашо од Инстаграм ја избриша и својата ривалка Хана, како и нејзиниот татко Тончи Хуљиќ.
Остана дилемата, дали Данијела ќе може да го избрише Грашо од сеќавањата?
Фото: Инстаграм принтскрин/petar_graso_fan_page/danijelamartinovicofficial